Сања Митровска

Сања е основач на Networker и креатор на ‘The Founder Games’. Таа е визионер чија мисија е да изгради стартапи кои ќе го трансформираат македонското општество. Преку Networker, со примена на Google Design Sprint методологии, успеала на стартапите да им донесе 2.5 милиони евра инвестиции во рана фаза и донела прв Гинисов рекорд со интелект во Македонија за најдолга презентација пред инвеститори.

‘The Founder Games’ пак е кулминација на нејзината мисија да прави импакт, создавајќи реално шоу за претприемачи кое ќе ги прикаже вистинските предизвици и успеси на патот кон претприемништвото, нудејќи уникатна можност за учење и раст за учесниците и целиот стартап екосистем.