Јан Стојановски

Роден во 2005 година во Република Словенија, но целокупното образование го стекнува во нашата земја каде е ученик во четврта година во гиманзијата Јахја Кемал од Скопје. Тој од рана возраст покажал интерес за програмирање и природни науки. Освојувач е на првиот златен медал за Македонија на Балканската олимпијада по физика и на првиот сребрен медал на Европската олимпијада по физика. Јан е првиот натпреварувач од земјата што во 2022 година обезбеди учество на три меѓународни олимпијади. Во минатото активно се занимавал со спорт, и е првиот освојувач на медал за нашата земја на меѓународни натпревари по уметничко лизгање.