Борче Стаменов

Борче од Кавадарци, собира расипани лаптопи и компјутери и од нив креира нови кои ги праќа онаму каде што е потребно, на социјално загрозени семејства, кои таков уред не можат да си дозволат.

Оваа иницијатива стана особено важна во текот на пандемијата, иако првиот компјутер е даден во 2016 година, кога Министерството за образование објави дека 40.000 деца се без компјутер за онлајн настава. Toj спречува да се создадат нови 40.000 социјално загрозени семејства, бидејќи овие деца без квалитетно образование и копјутерски вештини, ќе останат на маргините на општеството. На младите од Кавадарци каде Донирај Компјутер има работилница им овозможува бесплатно образование преку пракса во работилницата каде што се поправаат компјутерите.

До денешен ден донирани се 2705 компјутери на лица во социјален ризик и 40 училишта низ цела држава.