Алексиј Тасиќ

Алексиј е 17-годишен ученик во ПСУ „Јахја Кемал“, кој ја сака математиката и природните науки. Оваа година, освои сребрен медал на Меѓународната математичка олимпијада (ИМО) во Јапонија. Со долгогодишното учество и првите места на напреварите по математика, физика и хемија, тој го потврдува своето широко спектарно знаење и посветеност кон математиката и другите науки. Неговата страст кон математиката и науките, заедно со желбата за учење и истражување, го прават не само успешен натпреварувач, туку и инспирација за младите умови.