Вовед

Добредојдовте на веб страната за проектот „Иднината Почнува Дома“ – иницијатива на ТИРЗ и Стопанската Комора која има за цел да поддржи и извади на површина индивидуалци кои како едни од многуте меѓу нас, се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено како важни делови од обликувањето на иднината на нашата нација. Тие се светли примери на луѓе кои успешно градат кариера, започнуваат или наследуваат бизниси и се доказ дека навистина, иднината почнува дома.

Суштина на листата

9 од овие поединци дојдоа по номинација од ТИРЗ, 10 од нив по номинација од Стопанската Комора, а 13 како директна номинација од јавноста. Целта на оваа прва листа е заедно со 12 номинирани од општата јавност да се стигне до бројка од 32-ца поединци за пример, симболизирајќи ги 32-те години од независноста на државата, отсликувајќи го идниот раст и напредок. Секој од оваа листа е уникатна приказна за успех, секој од нив е борец кој иако сигурно може да најде плодна иднина во интернационалните води, решава својата иднина да ја гради дома.

Визија зад проектот

Овој проект го замислуваме како катализатор за инспирација – да ги охрабриме сегашните и идните генерации да сонуваат без ограничувања, да работат напорно и да придонесуваат позитивно за нашето општество. Овие индивидуалци се секојдневни луѓе кои со сопственото поведение не претставуваат само гордост на денешницата, туку и мотивација за утре, а секој од нас може да се огледа во некој од нив и да се види себеси на тоа место во иднина.

Покана за Вас

Ве покануваме да ги истражите приказните на овие поединци и да ни се придружите во славењето на нивните достигнувања. Нивните патувања не се само нивни; тие се дел од нашиот колективен македонски наратив. Гледајќи кон иднината, веруваме дека вистинскиот потенцијал на државата е во рацете на нејзиниот народ.

Воедно, Ве каниме да дадете и Ваша номинација, некој што прави позитивна разлика во вашата заедница и е член од општеството кој знаете дека е пример за сите и заслужува да се најде тука. Локален херој, инспиративен едукатор, иновативен претприемач или страстен активист… Ве покануваме да ги номинирате за да бидат препознаени како дел од овој инспиративен проект.