Весела Богдановиќ

Родена во Битола во 1976 година каде живее и работи.

Весела е единствена македонска добитничка на глобалното признанието „50 најдобри едукатори во светот“ светски амбасадор за образование, наградувана со признанија за личност и дело на ниво на град, регион и држава, автор на преку 250 свои објавени едукативни часови снимани во нејзината училница, споделувани како бесплатен ресурс за родители и идејна поддршка на колегите ширум регионот.

Автор е на низа проекти и работилници од областа на образованието, воспитанието, културата и екологијата.

Кариерата на детски едукатор ја започнала како дипломиран воспитувач и учител на Педагошкиот факултет во Битола, а моментално работи како учителка во ОУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци.

Активно работи на меѓународна мисија за поттикнување, поддршка и промоција на наставни и воспитни практики за подигање на квалитетот на образованието и воспитанието.