Верица Јованоска

Креативен маркетинг менаџер со 10 години професионално искуство во градење на глобални и локални брендови во индустријата за пијалоци, во Прилепска Пиварница АД Прилеп. Како секојдневна рутина, ги анализира пазарните трендови и управува со маркетинг стратешки кампањи за ефикасно извршување на бизнис планот. Балансирајќи ги улогите на посветена мајка и динамичен менаџер, секојдневно се соочува со разни предизвици, во секој аспект. Таа е желна за личен развој и напредување, се посветува на континуирано учење на новите трендови што ги носи дигиталната ера.