Тони Јанковски

Роден во 1992 година во Скопје. Образованието го започнува во Македонија се до почеток на студиите на Економскиот факултет при УКИМ. Додипломските студии ги завршува на универзитетот Bocconi во Италија, а магистерските на универзитетот ESADE во Шпанија. Во 2023 година успешно ја завршува програмата Executive Development Program на Kellogg School of Management во САД. Во 2021 година се вклучува во тимот на Динерс Клуб Македонија како задолжено лице за развој на продукти и иновации. Од 2024 година е на позиција Оперативен директор и ги предводи трансформацијата и развојот на компанијата во Македонија и регионалната експанзија во земјите од западен балкан. Активно инволвиран во пливачкиот спорт во Македонија повеќе од 15 години како поранешен професионален пливач и репрезентативец.