Сашка Кузманова

Сашка е родена 1989 година во Кавадарци. Иако професијата и е професор по Англиски јазик, сепак хуманитарството е нешто кое е вродено и не би го заменила со ништо. Долги години се занимава со хуманитарна работа, но посебен тек во животот и е кога почнува да учи да изработува перики од природна коса и истите ги подарува на онколошките пациенти.

Секојдневното соочување со лицата кои што се немоќни а поминуваат низ овој трнлив пат ја натераа да почне да бара решение, како може да им помогне. Во Македонија не постои ваква гранка, па таа се одлучува токму за тоа. Изработка на перики е медицинско помагало кое на Онколошките и Хематолошките пациенти им дава светлина, сила и храброст.

Денес Сашка е првата личност во Македонија, која што изработува рачно перики од природно влакно и истите ги подарува. До денес има подарено преку 80 перики.