Наум Михајловски

Роден 1978 година во Крива Паланка. Во Скопје завршува студии на Факултетот за Драмски Уметности во отсекот Филмска и ТВ Режија.

По повеќегодишна работа во гејминг индустријата за интернационални компании, заедно со партнерите Марио Ампов, Бобан Стојчевски, Дамјан Михаилов, Томи Џуровски и Иво Нешковиќ во 2020 година во Скопје го создаваат независното студио за развој на дигитални игри Furious Avocado. Во студиото ја извршува функцијата на Генерален менаџер и Креативен директор.

Тимот на Furious Avocado инстантно го креира мега-хитот Tie Dye, игра која бележи над 200 милиони симнувања на мобилните телефони. Во годините што следат компанијата го триплира својот тим и ја шири соработката со најдобрите светски издавачи на игри за телефони во потрага по својот следен мега-хит.