Мартина Баракоска

Мартина е музичарка, тапанарка, родена во Скопје 1998 и има 25 години. Во нејзината релативно кратка кариера има доста значајни достигнувања.
На 17 години добива награда за најдобар тапанар на фестивалот “T’k Таk”, што е само почеток на успешните музички проекти. Таа е доста активна на музичката сцена, а во моментов свири и турира со Funk Shui.

Има голема желба да го пренесе своето досегашно знаење, па затоа има свое школо за тапани и предава на луѓе од сите возрасти. Неодамна за своите 16 ученици одржа концерт – “Student Drum Show” во соработка со ДоРеМи. Главната цел во моментот и е да остави свој печат, и да ги охрабри луѓето околу себе да го прават тоа што го сакаат.

Во 2021 го вади својот прв соло албум “Weird Fishes” и има прв солистички концерт на фестивалот “Прво Па Женско” во МКЦ. Кратко после тоа настапува на Alteisa DrumFest 2021 во Шпанија. Има свирено на фестивали како Yamaha Drum Days Paris, Skopje Drum Festival, Prishtina Drum Festival, но исто така одржува работилници меѓу кои и Berlin Drum Days и Salzgitter Drum Meeting.
Во 2022, го извади и вториот соло албум “Sunrise”, а исто така беше и судија на добро познатиот натпревар “Hit Like A Girl”. Во 2023 беше дел од документарецот Way Up House, поддржан од Yamaha.
Мартина е артист на реномираните брендови Meinl Cymbals, Yamaha Drums, Promark Drumsticks, Evans Drumheads и Shure Microphones што е огромна чест да ги има како спонзори.