Марија Петрова

Архитект и асистент при Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, родена во 1995-та година. Успешните студентски проекти и високиот успех се одликувани со повеќе награди и со Признанието „Инженерски прстен“ под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Продлабочувањето на знаењата e стимулот зад тековните докторски студии на Архитектонскиот факултет при УКИМ, каде посветено ја споделува љубовта кон архитектурата со студенти. Автор е на реализирани и тековни архитектонски проекти и научни трудови. Дел е од кураторскиот тим за Национален претставник на 18-тата Интернационална изложба на Венециското биенале во 2023-та година.