Македон Димитровски

Деветгодишен ученик од Скопје со посебен интерес и дарба за математиката и природните науки.

Од неодамна доби стипендија и сега учи во НОВА Меѓународно училиште во Скопје. Од 2022 година, Македон учествуваше на пет меѓународни турнири „Математика без граници“, освојувајќи два златни, два сребрени и еден бронзен медал.

Тој има добиено признанија за академските достигнувања од македонскиот Министер за образование и наука и од Претседателот на нашата држава. Во 2021 година ја доби наградата за млади таленти доделена од Претседателот, како признание за неговите академски достигнувања.

Познат е по тоа што веднаш може да пресмета задача со множење со големи броеви и има свој начин како го прави тоа.