Леонид Караџинов

Роден во 1999, и е доктор на медицина во Скопје. Средно училиште завршил во интернационалната гимназија „НОВА“ на англиски јазик и добитник е на повеќе признанија за извонреден успех од претседателот на САД. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“- Скопје. Избран е за првенец на генерацијата 2017-2023. За време на студиите бил активен член во студентските организации и учествувал во организирањето на студентски размени, студентски конгреси и други настани. Своето медицинско искуство го проширил со студентски размени во Истанбул и Џенова како и еден студиски семестар во Белград.

Покрај професионалниот дел ужива во свирење на клавир и гитара, спортување и читање на книги.