Кирил Панов

Роден во 2000 година во Струмица и уште од рана возраст има интерес за спортот, но и за учењето и образованието. На 14 годишна возраст заминува за Шпанија каде го изучува средното образование и го завршува како првенец на генерацијата. На 19 годишна возраст заминува за САД на универзитетот Мисисисипи со цел изучување на факултетот за бизнис администрација и финансии. После 9 години поминати во странство каде што има огромни успеси како во спортот така и во учењето, одлучува да се врати во Македонија и започнува да работи во Дирекцијата на ТИРЗ како надворешен советник за привлекување на странски инвестиции. Ко-основач е на компанија за вештачка интелегенција во Полска, работи како надворешен консултант за бизнис развој и финансии со неколку компании во државата.