Кирил Коровешовски

Роден во 1989 година во Охрид, Кирил уште на рана возраст има интерес за природните науки и информатиката, што кулминира со магистратура по софтверско инженерство на ФИНКИ. Автор е на неколку интернационални научни трудови во областа на вештачката интелигенција и обработката на природните јазици и активно учествувал во изработката на веб базирани системи од областа на медицината, културата, новинарството и економијата. Во 2021 година е избран за извршен директор на GS1 Македонија.