Христијан Ковачевски

Роден во 1982 година во Струга. Во средношколските денови активно се занимава со ватерполо и е дел од националната репрезентација. Запишал факултет за менаџмент во Белград и игра ватерполо во Црвена Звезда. Во 2005 година дипломирал на Manhattan Institute of Management.

Одлучува да се врати во Македонија каде продолжува успешно да води неколку меѓународни проекти, а потоа се вклучува во развојот и модернизацијата на УНИПЛАСТ.