Филип Димитриески

Роден 1987 година во Прилеп. Желбата да научи како функционира бизнис светот, како одлуките влијаат на одредени фирми, индустрии и како да се направи подобар избор, го насочи кон економските науки и тоа резултираше со магистратура од областа на менаџмент на економскиот факултет во Скопје. Работното искуство го гради во приватниот сектор и во 2018та започнува со работа во компанијата ВИК Македонија на позицијата Менаџер на човечки ресурси. Денес како Менаџер е дел од глобалниот тим за работа со луѓе во Групацијата ВИК.