Дејан Георгиевски

Роден во 1999 година, Дејан е македонски професионален таеквондист кој ја претставува нашата земја на меѓународно ниво на светските турнири во таеквондо.

Тој го освои сребрениот олимписки медал во дисциплината +80 килограми за мажи на Летните олимписки игри 2020 година во Токио.

Дејан се закити со титулата европски шампион на Европското клупско првенство во Талин, но има освоено и бронзен медал на Гранд и сребрен медал на летните европски олимписки игри во Краков. Добитник е на повеќе признанија за спортист на годината, спортист на град Скопје и добитник е на Златна бубамара на популарноста.

Освен спортскиот успех Дејан е и дипломиран магистер по менаџмент на човечки ресурси.