Дарко Арсовски Петровски

Дарко (1988) од Скопје, активист за подобар урбан транспорт, велосипедист и екологист. Роден и живее во Скопје, со исклучок на кратките паузи од неколку месеци за време на студиските и работните обврски низ разни метрополи во Европа и САД.
Најголемиот активистички ефект го постигнува како член на групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, а членува во различни друштва и организации поврзани со урбанизам, екологија, правда итн.

Истовремено е генерален менаџер на компанијата ВАП МАК од 2011, што му помага да ги согледува разликите во членувањето во активистички групи со хоризонтална хиерархија и во компании со менаџерска поставеност. За подобрување на своето функционирање во овие два типа на ентитети, но и на самите активистички групи / компанија, го продолжува своето образование стекнувајќи EMBA на постипломски студии на Меѓународен факултет на Универзитетот „Шефилд“, Сити колеџ и продолжува да истражува проектен менаџмент и организациска култура.