Дарја Ризова

Дарја е родена во 1987 година, Скопје. Дипломирана е на Факулетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар.

Игра во речиси сите поголеми претстави на репертоарот на МНТ во некои од најзначајните дела од автори од светската драматургија. Главни и споредни улоги реализира во скоро 40 драмски претстави.

Од 2008 година до денес е добитник на броіни награди во земіата и странство, меѓу кои се издвојуваат „Надобар млад уметник” за 2022 година доделена од Претседателот на Република Северна Македонија, наградата за најдобра актерка на меґународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот” во Р. Турција, во 2022 година добитник е на наградата Лауреат ,,Ристо Шишков” за улогата на Маша во претставата ,,Нема да биде крај на светот” и добитник на награда за надобар млад актер „Рејхан Демирџиќ” на Интернационалниот фестивал „МЕСС”, Сараево, за улогата на Електра во претставата „Електра”.