Бојан Јовановски

Роден во 1976 година во Скопје, Бојан уште во студентските денови го започнува својот волонтерски активизам.

И ден денес посветено работи во граѓанскиот сектор за унапредување на здравјето и социјалната благосостојба на младите, жените, обесправените и маргинализираните групи. Автор е на околу 25 национални и меѓународни истражувања и документи за креирање на политики. Бил вклучен како експерт и член на повеќе Владини и министерски тела за подготвување на повеќе национални закони, стратегии и политики.

Од 2007 до 2023 Бојан ја извршува фукцијата на извршен директор на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а од Октомври 2023 работи како регионален менаџер за сексуално и репродуктивно здравје во рамки на Меѓународната Федерација за Планирано Родителство со седиште во Лондон, одговорен за развој и подршка на граќанските организации во Балканскиот регион.