Бјанка Катру

Бјанка е родена во 1986 година во Скопје. Дипломиран политиколог и експерт по Човекови права, и завршени постдипломски студии во областа на Менаџмент на Човечки ресурси на Американ Колеџ.

Најголем дел од кариерата ја гради во Финансиско друштво М Кеш каде е дел од тимот веќе 8 години. Започнува како Административен асистент потоа Раководител на Човечки ресурси за во одреден период, како резултат на нејзиниот професионализам, неуморна работа и труд, лојалност и посветеност на работата е назначена за Генерален Директор.

Моментално е на позиција Директор на Човечки ресурси, финансии и администрација. Вистински успех е балансот кој го воспоставува помеѓу приватниот свет и кариерниот развој како мајка на две мали деца.