Анатол Кутревски

Роден е во Скопје 1981 година. Има завршено Бизнис администрација на Американскиот Колеџ во Солун во 2004 година, додека со титулата магистер се стекнува на Охајо Универзитетот во САД 2005 година.  Од 2008 година работи како втор извршен директор на Пекабеско АД. Од дополнително образование учествувал во Келог програмата за извршни директори на Нортвестерн Универзитетот во 2018 организирана од Македонија 2025.